Во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА денеска во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Македонски модел на Обединетите Нации 2019“
Меѓународна конференција за рано откривање рак на ректум и дебело црево ќе се одржи денеска во клиничката болница „Аџибадем Систина”
Во организација на Здружението ЦЕТ платформа денеска ќе се одржи работилница посветена на програмата Еразмус+ на Европската Унија
На 42. Денови на македонска музика вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи летонската пијанистка Лаума Скриде, која ќе изведе дела од композиторите Мехмет Џан Озер, Петерис Васкс, Петар Јованов, Сорен Нилс Ајхберг, Софија Губајдулина, како и од македонските автори Борис Светиев, Гоце Коларовски и Ана Пандевска
На традиционалниот „Салон на книгата на Балканот” во Париз денеска ќе биде промовиран францускиот превод на книгата „Париз на Омер Калеши’’ од академик Луан Старова
Мерки за обезбедување присуство им одреди судија на лицата А.Ц. и Ј.Ц, кој постапуваше по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за определување мерка притвор против двете лица, кои се осомничени за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став три од Кривичниот законик.
Општина Јегуновце информираше дека во текот на денот нивните служби работеле на подигнување на смет и отпадоци фрлени на места каде поради тоа се формирале диви депонии
Градоначалниците на Тетово, Тирана, Приштина,Туз, Чаир и Гостивар, како припадници на Унијата на албански општини, потпишаа Меморандум за соработка во рамки на иницијативата „Зелени градови“, со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и јавната чистота
Пензионираниот професор од Филолошкиот факултет, Коста Пеев, му отстапува книги, фотографии, ракописи и аудио материјали, собирани во последните педесетина години, на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – тешки телесни повреди, додека другиот е осомничен за помагање при извршување на истото кривично дело, соопштија од Обвинителството