Дигиталните општествено-критички плакати на уметникот и графички дизајнер Ладислав Цветковски од неговиот уметнички проект „Мои коментари“ од циклусот „Црнила“ вечер првпат ќе бидат прикажани во печатена форма на самостојна изложба во Мала станица.
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од 20 до 22 декември ќе се проектираат повеќе филмови од најновата европска кинематографија во рамките на „Фестивалот на тркала“.
Струшкиот музеј располага со богата природонаучна збирка од околу 8.000 изложени експонати и уште толку складирани во депоата. Распоредени во девет соби почнувајќи од најситните, инсектите, по нив доаѓаат рибите, па птиците и на крај цицачите. Дел од поставката е резервирана и за раститенија, пред сè водни. Најголем дел од поставката ја сочинуваат инсектите, околу 7.000, а голем број им припаѓа и на птиците.
Италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, еден од најоригиналните изведувачи на денешната класична музичка сцена, вечер од 19 часот ќе настапи во Македонската опера и балет во рамки на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“ и со поддршка на Амбасадата на Италија во Македонија.
Во фоајето на Македонскиот народен театар вечер ќе биде отворена изложба за одбележување полувековен јубилеј од кариерата на доајенот на македонското актерство Петре Арсовски. Изложбата, насловена „Петре Арсовски, 50 години театар“, е визуелно сведоштво за живот на сцената на актерот Арсовски и ќе прикаже фотографии, плакати и останати експонати на дел од претставите во кои игра, а се во продукција на МНТ.
Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов во режија на Нина Николиќ. Тоа ќе биде трето поставување на овој драмски текст од познатиот руски автор во 73-годишната историја на МНТ, каде што „Галеб“ досега го поставиле режисерите Димитар Ќостаров во 1960 година и Бранко Ставрев во 1990 година.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, Надворешната канцеларија за криминалистички работи- Струга до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.М.(27) од струшката населба „Плитишта“.
На граничниот премин Богородица, на излез од Република Македонија вчера се запленети околу 515 килограми марихуана во специјално направен бункер на кровот на приколката од камион со скопски регистерски таблици.
Во Гевгелија вчера и денеска се одржува Новогодишниот хуманитарен базар што традиционално го организира фондацијата „Аполонија" во соработка со двете основни и средното училиште од градот и учесници од Дневниот центар за деца со посебни потреби и центарот „Мајка Тереза" единствен од таков вид во земјава кој згрижува четириесетина деца со посебни потреби.
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола денеска почна со теренски активности за спроведување превентивната систематска дератизација.