Политики за сајбер безбедност – транспонирање на Директивата 2016/1148 на ЕУ, за обезбедување високо ниво на безбедност на мрежи и информациски системи, е темата на панел дискусијата што ќе се одржи денеска во Скопје
Со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Битола-Прилеп, а петмина се повредени.
Мерните станици на министерството за животна средина и просторно планирање регистирале загадување на сите мерни станици во Скопје во текот на изминатиот ден.
Книгата „На Скопје, со љубов! - Архитектонската мисла на Живко Поповски“ утревечер ќе биде промовирана во Музејот на Град Скопје.
Полициски екипи вечерва се на терен и спроведуваат акциски контоли во објектите низ главниот град. Од неофицијални извори, на мета на ноќната акција на МВР се угостителски објекти, ноќни клубови, агенции за обезбедување и други објекти.
Единствениот универзитетски професор Ром од Македонија посочува дека станува збор за голем проблем на кој не му е најдено решение и само се нудат алтернативни решенија во областа на образованието на Ромите.
Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев на неговиот Твитер профил објави дека поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски набавил апарт за прочистување на воздухот во канцелариите на општината.
Четириесет и четиригодишната И.Т. од Скопје вчера пријавила во полицијата дека две непознати лица вчера ја побарале нејзината ќерка З.Т. 26 години за да се договорат за гласање во Советот на општина Гази Баба.
Осумнаесетгодишна девојка од гостиварското село Добри Дол, вчера во полициската станица Гостивар пријавила лице од Тетово дека ја уценувал.