Утрово беа регистрирани првите врнежи на снег оваа сезона по што екипите на зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и превентивно интервенираа на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот.
По инцидентот и каснување на повеќе граѓани од напуштено расно куче кое со сигурност имало сопственик, во медиумите се пласираа непроверени информации за повторни напади од куче скитник на ул. Перо Наков и со тоа придонесе во создавање на паника, страв и дезинформирање.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
При лов на дивеч во кој учествувале поголема група на ловџии во близина на браната Водоча-Струмица, Ж.И. бил повреден од ловна пушка во пределот на главата по што починал.
Куче скитник вчера попладне нападна и касна мајка и син на улицата „Перо Наков“ во Скопје. Таткото, Р.А. (43), го пријавил случајот во полиција.
Дваесет и четиригодишно момче загина во сообраќајка утрово на автопатот Неготино-Гевгелија. Како што информираше за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, сообраќајната несреќа се случила околу 3.30 часот, кај местото викано Арсова Лака.
Високи концентрации на штетните ПМ10 и ПМ2.5 честички во текот на изминатите денови. Скопје повторно се гуши како минатата година и годините пред тоа.
На патниот правец Демир Капија – Удово кај местото Арсова лака, сообраќајот е нормализиран за сите видови на возила во двата правци.
Двата автомобила, едниот со Охридски, а другиот со Вевчански регистрации директно се судриле од засега непознати причини. Увидот пред малку заврши, а патот е пуштен за сообраќај.
Кучето што синоќа нападна деца и возрасни во населбата Ново Лисиче денеска било заловени, објавија од Град Скопје. Кучето било пренесено во стационарот Вардариште.