Заврши конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“ во скопското село Побожје а интензивно се одвива реставрацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во скопското село Љуботен, кои се очекува да завршат идната година.
Познатиот скопски ресторан Форца го претстави својот нов хуманитарен проект за помош на социјално загрозените категории на граѓани кои живеат на територијата на општина Карпош под мотото – “Твоето малку е многу – достоен оброк за секого“
16 годишен малолетник бил прободен со нож во на булеварот Трета македонска бригада во скопски Аеродром.
Шестото издание на „Недела на дизајнот“ во Скопје (Skopje Design Week), годинава ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје.
Приватна фирма од Струга ќе биде инвеститор за повторна изградба на дрвениот мост на реката Црн Дрим во центарот на Струга, информира денеска на прес-конференција градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села.
Во строгиот центар на Скопје нападнато и ограбено 15 годишно момче.
Манифестација „Ќебапот-чаршиски бисер на соживот оваа година по трет пат ќе се одржи на повеќе локации во Старата скопска чаршија.
Еколозите едногласни. Балканскиот рис кое е заштитено животно во Република Македонија е на раб на исчезнување поради нелегален лов.
Археолози од Народниот музеј во Велес, повторно истражуваат на локалитетот велешко Кале. Тие продолжуваат со работа на просторот на кој постоел средновековен град и имаат цел да доистражат како се развивал.
Презентирана Aндроид апликацијата "Southwest Macedonia Attractions", преку која туристите ќе можат да најдат корисни информации за стотина туристички атракции во Југозападниот плански регион.