Данска одобри план за изградба на првиот енергетски остров во светот, во Северното Море, кој ќе произведува и складира доволно зелена енергија за потребите на три милиони европски домаќинства за електрична енергија
Лидерот на Ал Каеда на Арапскиот полуостров, Халид Батарфи, беше уапсен минатиот октомври во Јемен, се неведува во извештај на ОН објавен синоќа
Специјалниот пратеник на САД за климатски промени Џон Кери денеска изјави дека очекува да разговара со неговиот колега од Кина, Сје Женху и го нарече „лидер“ и „способен говорник на неговата земја“ за глобалното затоплување
Претставничкиот дом на САД одлучи да ја отстрани републиканската конгресменка, Марџори Тејлор Грин, која ги поддржува теоретичарите на заговор, од неколку комисии, по серија контроверзни јавни изјави
Канада одлучи да забрани пловидба на сите бродови за крстарење во нејзини води до 28 февруари 2022 година
Градот Хавана одлучи од денеска повторно да воведе вечерен полициски час поради зголемениот број на заразени со коронавирусот, јави кубанската новинска агенција додавајќи дека забраната ќе важи од 21.00 до 05.00 часот по локално време
Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН почнаа процес за кандидирање генерален секретар на ОН, за периодот од 2022 до 2026 година, за кој сегашниот Антонио Гутереш веќе се кандидираше, додека Хондурас бара кандидатура за жена
Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Суливан, синоќа изјави дека претседателот Џо Бајден планира да потпише указ за зголемување на годишната квота за прием на бегалци од воените зони
Американските цариници и граничната полиција од почетокот на пандемијата заплениле околу 15 милиони лажни маски N95, соопшти денеска Царинската служба на САД.
Властите во Хонг Конг претставија „контроверзен училишен водич“ , во кој се наведува дека шестгодишни ученици треба да научат и да препознаат што е соработка со странски служби и субверзија, како дел од новата наставна програма за национална безбедност.