Кина денеска ги осуди „лажните“ зборови од САД, еден ден по критиките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој повтори дека Пекинг требаше да ја запре епидемијата на коронавирусот
Премиерот на Пакистан, Имран Кан денеска најави дека од сабота се укинуваат дел од рестриктивните мерки воведени во земајта поради пандемијата со новиот коронавирус
Руските и турските воени сили денеска продолжија со патролите во областа на деескалација на Идлиб по продолжена траса, и по првпат стасаа до градот Јерихон
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изрази надеж дека претседателските избори во таа земја ќе се одржат што е можно побрзо, откако владејачката коалиција се согласи да го одложи гласање, првично закажано за 10 мај, поради епидемијата на новиот коронавирус
Казачкиот бодибилдер кој сакаше „да се ожени“ со секс-кукла, ја откажа нивната свадба и медениот месец поради пандемијата на коронавирус која сѐ уште трае
Банката на Англија предвидува пад на бруто домашниот производ на Велика Британија од 14 отсто, поради економската криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус, но истовремено ја задржа каматната стапка на рекордно ниски 0.1 процент
Според едно истражување во Холандија повеќето луѓе во оваа земја веруваат дека и покрај мерките за социјално ( физичко) дистанцирање, наметнати заради пандемијата на коронавирусот, другите луѓе им се приближуваат повеќе отколку што е потребно, особено во супермаркетите и на работното место
Британската статистичка служба (ОНС) денеска соопшти дека врз основа на модели адаптирани на низа социоекономски фактори е утврдено дека постојат значителни разлики во опасноста од Ковид-19 кај различни етнички групи
Новата „Недела на машката мода“ во Париз ќе се организира од 9 до 13 јули, и тоа како интернет-ревии
Претседателите на трите Балтички држави, Литванија, Летонија и Естонија, денеска ги осудија обидите на Москва за „фалсификување на историјата“, пред одбележувањето на 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна