Шпанската морнарица соопшти денеска дека спасила 24 мигранти во близина на Канарските Острови, северозападно од брегот на Африка, а се уште се трага по 53 лица кои веќе два дена се водат како исчезнати.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф вели дека неговиот неодамнешен состанок со американскиот сенатор Крис Марфи ја исплаши администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тоа било можност директно да се разговара со американската нација
Црната кутија од украинскиот патнички авион што иранската противвоздушна одбрана го урна по грешка во јануари годинава, Иран нема намера да ја предаде на ниту една друга земја и покрај надворешните притисоци, соопшти официјален Техеран
Амстердам ја разгледува можноста да воведе забрана за продажба на марихуана на туристи во кафулињата, а истовремено истражува и нови начини како да го балансира начинот на живот на населението со потребите на туристите
Турција очекува страните во сириската провинција Идлиб да ги потврдат своите обврски од договорот од Сочи, потпишан во 2018 година со Русија
Врховниот суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјун-бак на 17 години затвор поради корупција
Германската Влада денеска усвои нацрт закон за така наречената основна пензија, со кој се зголемуваат пензиите на лицата кои и покрај долгогодишниот работен стаж и уплати во пензискиот фонд имаат ниски пензии
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков му одговори на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој изрази незадоволство од преговорите со Русија и изјави дека неговата земја е подготвена за нова акција во Сирија, истакнувајќи дека Москва, исто така, е незадоволна од нападите на терористите врз сириските сили и руски воени објекти во Идлиб
Најмалку 11 лица погинаа во воздушен напад на силите на НАТО во подрачјето на Херат, во западниот дел на Авганистан
Германската Влада денеска усвои нацрт закон со кој се бара социјалните мрежи како Фејсбук и Јутјуб да пријават во полиција говор на омраза