Фондацијата „Отворено општество“ на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос денеска соопшти дека ги прекинува своите активности во Турција, нагласувајќи дека „неоснованите тврдења“ на турските медиуми против неа создале сосотојба во која таа не може нормално да работи.
Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска потпиша указ за одлуката на Советот за национална безбеднос и одбрана за воведување воена состојба во Украина до 25 јануари 2019 година.
Европската Комисија денеска најави дека ќе одвои дополнителни пет милиони евра за проекти за двајцата добитници на Нобеловата награда за мир, Надиа Мурад и Денис Муквеге.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека по инсистирање на украинскиот претседател Петро Порошенко, попладне ќе биде одржан состанок на заедничката комисија на Алијансата со Украина.
Заменикот-министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека таа земја ќе биде принудена да ги земе предвид и да одговори на плановите на САД за распоредување ракети „Егис ашор МК41“ во Европа.
Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, ако се спроведе според условите на предложениот договор, ќе резултира со четири отсто намалување на бруто-домашниот производ (БДП) до 2030 година, што е еднакво на загуба од 100 милијарди фунти годишно, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на податоците на Националниот институт за економски и социјални истражувања .
Украинските екстремисти предизвикаа инциденти пред руските конзулати во Харков и во Лавов, како и пред Амбасадата во Киев.
Последната анкета на Евробарометарот открива дека мнозинството граѓани во ЕУ стравуваат од дезинформации и кибернапади пред следните европски избори.
Украинскиот претседател Петро Порошенко побара од Русија веднаш да ги ослободи украинските морнари и бродовите што беа задржани вчера во Керченскиот Теснец.
На интернет се појавија аудиоснимки на кои наводно се слушаат преговорите на украинските морнари кои влегле во територијалните води на Руската Федерација со руските морнари, пренесува Канал 5