Супертајфунот Јута, најсилната бура што оваа година погоди дел од САД, премина преку Северните Маријански Острови и предизвика големи штети.
Одборот на британскиот Парламент денеска соопшти дека јавниот сервис Би-Би-Си не ја исполнил својата обврска еднакво да ги плаќа мажите и жените за исти работни места.
Њујоршката полиција денеска интервенирала во врска со информации за „сомнителен пакет“ пронајден на Менхетн, по серијата пакети бомби испратени до високи функционери демократи и критичари на американскиот претседател Доналд Трамп.
Украинскиот режисер, Олег Сенцов, кој е осуден на 20 години затвор во Русија, е добитник на овогодинешната „Награда Сахаров“ на Европскиот Парламент.
Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, кој е во дводневна посета на Тунис со државниот врв, не одговори дали разговарал со туниските власти за отворање регионални платформи за излез на мигрантите кои транзитираат преку таа северноафриканска земја. Но, тој потсети дека земјата веќе прима многу повеќе мигранти отколку Европа и повика европскиот континент да остане засолниште за сите прогонети во светот.
Првото навестување на зимата доаѓа овој викенд со ладен ветар од север, кој носи студ ширум поголемиот дел на Европа, додека во источна и јужна Европа ќе биде потопло, изјави главниот метеоролог на компанијата Тод Кравфорд.
Извршниот директор на Teслa, Илон Маск соопшти дека Твитер привремено му го блокирал профилот, откако оттаму одлучиле дека профилот бил нападнат од хакери.
Полската изборна комисија денеска соопшти дека владејачката партија Право и правда освоила 254 места во регионалните совети на локалните избори кои беа одржани минатиот викенд, а опозициската коалиција освоила 194 места.
Европскиот Парламент денеска треба да усвои резолуција, со која ќе се побара независна истрага за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги, убиен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.
Европска унија ќе биде комплетна дури кога државите од Западен Балкан ќе бидат членки на Унијата, изјави денеска австирскиот канцелар Себастијан Курц на Конференцијата „Балканот и ЕУ – Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва.