апонската компанија Панасоник (Panasonic) соопшти дека ќе го премести своето европско седиште од Велика Британија во Амстердам поради претстојниот Брегзит.
Владата на Германија го нема сменето ставот за неменливост на границите на Западен Балкан, кој канцеларката Ангела Меркел јавно го искажа на 13 август, говорејќи за територијалните разграничувања. Таа истиот став го повтори и во разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, се наведува во одговорот на германската Влада за црногорскиот весник „Побједа“.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини денеска изрази желба земјите-членки на Европската унија да преземат „повеќе одговорности", за да се најде решение на сложеното прашање со прифаќањето на мигранти, кои биле спасени во Средоземното Море во рамки на мисијата „Софија".
Русија од 1 до 8 септември ќе одржи воени вежби во Средоземното море во кои ќе учествуваат 25 воени бродови и 30 авиони, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Група граѓани од малиот град Акатлан во централно Мексико, од полициски притвор киднапираше две лица, осомничени за киднапирање деца, и живи ги запали.
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека работи на организирање на состанок на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео, на маргините на претстојната седница на Генералното собрание на Обединети нации.
Убиен е репортер на телевизијата Канал 10, соопшти таа медиумска куќа. Хавиер Енрике Родригез Ваљњадарес е осмиот новинар убиен во Мексико од почетокот на годината.
На Европската унија и се потребни стратешки односи, меѓу останатото во сферата на одбраната, со најблиските соседи за да се овозможи поголема стабилност, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Претседателот на Русија Владимир Путин, шефот на „Сбербанк“ Герман Греф и Алексеј Милер – шефот на „Газпром“, се на првите места во рејтингот на највлијателните луѓе во земјата, објавен денеска во руското издание на „Форбс“.
Британската Влада има намера да ја забрани продажбата на енергетски напитоци на деца и тинејџери во Англија и најави јавна дебата по тоа прашање.