Организацијата за заштита на човекoви прави Хјуман рајтс воч, повика денеска на покренување меѓународна истрага за насилниот одговор на египетските безбедносни сили на исламистичкиот собир во Каиро 2013 година.
Кубанците денеска почнуваат да разговараат за новиот Нацрт-устав, во кој не се споменува комунистичката држава, се признава правото на приватна сопственост и отвора пат за можна легализација на браковите од ист пол.
Норвешкиот министер за рибарство Пер Сандберг денеска поднесе оставка по острите критики дека ги прекршил безбедносните протоколи со тоа што приватно патувал во Иран и Кина, а за што не ја известил владата.
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин в сабота во Германија, а главни теми ќе бидат војната со Сирија, судирите во источна Украина и енергетски прашања.
Романското воено обвинителство денеска соопшти дека започнало истрага во врска со насилството врз демонстрантите, кои учествуваа во протестниот марш во петокот во Букурешт со барање за оставка на владата, за време на кој беа повредени над 450 лица.
УНХЦР, телото на Обединетите Нации задолжено за белгалци, реагираше на реактивирањето на стар закон во Белгија, со кој повторно ќе биде дозволено деца бегалци и мигранти да бидат задржани во затворени центри, пред да бидат протерани, јави дописничката на МИА во Брисел.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека една силна држава треба да е подготвена за секаква ситуација и во името на тоа да обезбеди траен мир.
Европската Комисија не сака да ја коментира судската одлука во САД за глифосатот, а петгодишната дозвола за овој можно канцероген пестицид останува да важи засега.
Само 43 отсто од Израелците и Палестинците ја поддржуваат визијата за мир, според која, покрај Израел, ќе се создаде и палестинска држава, покажа заедничката анкета на Универзитетот во Тел Авив и Палестинскиот центар за политика и истражување.
Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ забележа пораст на нето добивката за 6,8 отсто во вториот квартал поради рекордна продажба. Меѓутоа, компанијата предупредува на „раст на протекционизмот“, како сериозна закана за глобалната автомобилска индустрија.