Грушко: Со протерувањето руски дипломати НАТО си пукаше в нога По претерувањето на руските дипломати од Северноатлантскиот пакт, невозможно е да се свика состанок на Советот НАТО-Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.
Британската компанија Де Ла Ру најави тужба против владата откако тендерот за печатење на новите британски пасоши го доби француско-холандската компанија Гемалто.
Германски обвинители соопштија денеска дека побарале од суд дозвола за екстрадиција на поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон во Шпанија каде е обвинет за поттикнување бунт.
Индиската Влада објави наредба со која се овозможува одземање акредитации на новинари обвинети за ширење лажни вести.
Нов пад на вредноста на акциите на Амазон, овојпат од 6 проценти, се случи денеска, како резултат на судирот меѓу глобалниот трговски гигант и претседателот Доналд Трамп.
Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, во телефонскиот разговор од 20 март Владимир Путин, предложил состанокот помеѓу двајцата лидери да се одржи во Вашингтон.
На улиците на Њујорк снежната покривка изнесува 13 сантиметри. Снег падна и во северниот дел од Њу Џерси, а предупредувања за снежни врнежи се издадени и за западна Вирџинија и Масачусетс, изјави денеска метеорологот Џеј Ингл.
Колку далеку ќе отиде спорот меѓу Москва и Западот поради труењето на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија не зависи од Русија, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Ахмед доаѓа на местотo на Хаилемариам Десалегн, кој во средината на февруари поднесе оставка поради судири во регионите Оромиа и Амхара.
Израелскиот министер за јавна безбедност Гилад Ердан го нарече претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган „антисемитист“.