„Виз ер“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа денеска ја најави најголемата кампања за вработување во својата историја.
Министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле се очекува да поднесе оставка од функцијата откако канцеларот Ангела Меркел презеде подготовки за разговори за состав на нова влада по изборите во неделата.
Исто така, Еврокомисијата воведува посилни процедурални заштитни мерки за да се осигура дека граничните контроли на внатрешните граници ќе станат исклучок, односно како мерка на последно средство, но ќе се користат само ако е неопходно, ограничувајќи го слободното движење.
Авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека пет цивили се повредени во денешниот напад врз аеродромот во Кабул, извршен додека таму слетуваа американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера промовираше предлози за реформи на Европската унија, кои треба да му помогнат на блокот да се справува со предизвиците во иднина.
Најмалку шест ракети експлодирале денеска во кругот на меѓународниот аеродром во авганистанскиот главен град Кабул, за време на пристигнувањето на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Кинескиот амбасадор во ОН Лиу Џеји вечерва изјави дека ескалацијата на реториката меѓу Северна Кореја и САД станува премногу опасна и оти преговори се единствено решение.
Просечната бруто плата во Германија лани била 4.078 евра, со тоа што постои очигледна разлика во платите меѓу мажите и жените, и истокот и западот во државата.
Како што јави ДПА, коалицискиот партнер на ЦДУ/ЦСУ, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц се пласира на второто место со освоени 20,5 проценти.
Германската антимиграциска и крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), која по денешните избори првпат влегува во Парламентот, вети дека ќе ја промени земјата.