Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е противник на употребата на каква било сила во решавањето на судирот со Северна Кореја.
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска повторно се закани дека ќе употреби сила врз Северна Кореја.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека има многу голем ризик од воен судир за севернокорејската ракетна програма, како и дека Москва е многу загрижена заради заканите со напад што си ги разменуваат Пјонгјанг и Вашингтон.
Борци на групата Исламска држава (ИД) склучувале фиктивни зделки на Интернет платформата за трговија е-Бај, за да ги финансираат своите криминални активности во САД.
Американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен му даде отказ на конзервативниот коментатор Џефри Лорд откако на Твитер постави нацистички поздрав кон еден негов критичар.
Европската комисија, извршен орган на Европската унија ќе свика вонреден состанок на министрите во врска со јајцата загадени со инсектициди во настојувањето да се стави крај на обвинувањата и омаловажувањата поради овој скандал.
Триесет и пет новинари од сегашни и поранешни медиуми се уапсени во Турција во полициска операција против движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кое е обвинето за неуспешниот обид за преврат на 17 јули минатата година, јави Анадолија.
Министерството за одбрана на САД разработило план за извршување превентивни напади врз околу 20 воени објекти во Северна Кореја од бомбардери Б-1 Лансер, објави Ен-Би-Си.
Романија ќе инвестира 123 милиони евра за четири стадиони во Букурешт, на кои ќе се тренира за време на Европското првенство во фудбал во 2020 година.
Шест француски војници се повредени утринава околу осум часот, откако возило налетало на нив во париското предградие Левалоа-Пере.