Кинеската економија задржувајќи го темпото од првиот квартал и во второто тримесечје бележи раст од 6,9 проценти, што е за 0,1 отсто повеќе од очекувањета на аналитичарите.
Повеќе од 330 илјади лица загинаа во Сирија од почетокот на војната пред шест години, од кои околу една третина се цивили, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон.
Два проектила се истрелани врз руската амбасада во Дамаск, при што едниот го погодил објектот, а другиот паднал во близина, јавија сириските државни медиуми.
Едно лице загина, две се повредени, а десетици илјади луѓе останаа без струја и греење, откако во престолнината на Чиле, Сантијаго, падна снег, што е мошне ретка појава.
Триесет и шест отсто од Американците во анкетата изјавија дека ја поддржуваат работата на Трамп, што е за десет отсто помалку од процентите, кои ги доби во првите 100 дена во Белата куќа.
Над милион турски граѓани учествуваа на големиот митинг синоќа наречен „Епопеја на победата за демократија“, со кој беше одбележана првата годишнина од обидот за државен удар, што се случи на 15 јули минатата година.
Осум луѓе ги загубија животите, а најмалку 50 се повредени поради стампедо и срушен ѕид на стадион во Сенегал.
Трамп рече дека не се шегува кога говори за соларни панели бидејќи „тоа може да покрие дел од трошоците“, јави Си-Ен-Би-Си. Тој додаде дека мора да се види што се случува од другата страна.
Мина една година од надминувањето на најкрвавиот терористички напад во историјата на Турција, во која година земјата ја потврди својата издржливост, способност за заздравување и силата, оцени турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Според турските власти, терористичката организација ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен е одговорна за пучот извршен ноќта на 15 спроти 16 јули минатата година.