Во овој момент повеќе од 600 жители останаа без покрив на главата, а пожарот го предизвикал неисправен фрижидер.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ја осуди денеска изолацијата на Катар како „нехумана и против исламските вредности“.
Американските сенатори постигнаа договор за законодавството, со кое се воведуваат нови санкции кон Русија, во кое е вклучена е одредбата, со која Белата куќа се спречува да ги ублажи, суспендира или укине санкциите без одобрение на Конгресот.
Поранешната фудбалска ѕвезда на „Барселона“, а подоцна и тренер на овој клуб, Пеп Гвардиола изјави дека ја подржува независноста на Каталонија и се согласува со отцепувањето на овој регион од Шпанија.
Преговарачкиот тим на ЕУ е подготвен за разговорите за излез на Велика Британија и се надева дека ќе се реализира договорената временска рамка за преговорите.
Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис ја поддржа денеска премиерката Тереза Меј и потврди дека на 19 јуни ќе седне на преговарачка маса за излезот на Велика Британија од ЕУ.
Проекциите објавени по затворањето на гласачките места покажуваат дека партијата на Макрон „Република во движење“ освоила над 400 места во парламентот со 577 пратеници.
Во Франција почна гласањето на првиот круг од парламентарните избори кои се исклучително важни за новоизбраниот претседател Емануел Макрон.
Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел предупреди денеска дека спорот меѓу Катар и останатите арапски држави би можел да доведе до војна, додавајќи дека се уште верува оти постои шанса за смирување на тензиите.
Русија денеска повика на дијалог меѓу Катар и неговите соседи во Заливот, ветувајќи помош во посредување за решавање на кризата.