Делчевска Брегалница доби техничка поддршка од своите пријатели од ФК „Осогово”. На барање на управата на делчевци, а поради реконструкција на трибинскиот простор на стадионот во Кочани, идниот второлигаш реши да ги донира своите стари трибински столчиња на клубот од Делчево
Каменичанката Елвира Јангеловска го освои второто и третото место на Меѓународниот турнир во ритмичка гимнастика кој во изминатите два дена се одржа во Софија, Бугарија
Милан ќе биде следниот тим во Италија, кој ќе претрпи промени на тренерската позиција. Денес Џенаро Гатузо призна дека го напушта клубот откако ги презеде „росонерите“ во ноември 2017 година
Триумф во финалето на Лигата на Шампионите против Ливерпул би бил кулминација на проектот на Маурисио Почетино во Тотенхем
Олимпик Марсеј го објави привлекувањето на Андре Вила-Боаш за тренер на клубот. Португалскиот стратег се врза со клубот во следните две сезони и според неофицијалните информации ќе добива 7,2 милиони евра годишно. Клубот го презентираше назначувањето со дефиницијата: „Започнува нашата нова ера“
Веќе поранешен спортски директор на Милан, Леонардо го следеше примерот на Џенаро Гатузо и го напушти клубот
Италијанскиот гигант Милан ја објави својата разделба со менторот Џенаро Гатузо преку официјалната страница на клубот
Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ го победи Фелицијано Лопез (Шпанија) во историски натпревар од првиот круг на „Ролан Гарос“. 211-сантиметри високиот Карловиќ победи со 7:6 (4), 7:5, 6:7 (7), 7:5, а натпреварот е посебен бидејќи комбинираната возраст на двајцата играчи (77) е рекорд за Гренд-слем турнир во отворената ера. Карловиќ има 40, а Лопез – 37
Светската тенисерка број 1 и шампионка од „Ју Ес Опен“ и „Австралија Опен“, Наоми Осака направи чуден пресврт во првиот круг на „Ролан Гарос“, откако го загуби првиот сет против Ана Каролина Шмиедлова со 0:6, но потоа победи со 7:6 (4), 6:1 и се пласираше во вториот круг по 120 минути игра на централниот терен „Филип Шатрие“
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп верува дека сегашниот состав не е ист со тимот кој допушти пораз во минатогодишното финале во Лигата на Шампионите од Реал Мадрид со 1:3