Масовна чистка се планира од страна на раководството на Реал Мадрид летото 2019 година и таа ќе влијае на седум играчи, објави весникот „АС“, кој се смета за многу близок до „кралевите“.
Поранешниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо откри како се дошло до трансферот на Дидие Дрогба во 2004 година. Тогаш „сините“ платија 24 милиони фунти за напаѓачот на Марсеј.
Полудефанзивецот на Зенит, Леандро Паредес е пред трансфер во Пари Сен Жермен. Според „РМЦ Спорт“, 24-годишниот Аргентинец се договорил со францускиот шампион.
Лоши вести за Сантијаго Солари пред натпреварот со Севиља во Ла Лига. Голманот Кејлор Навас доживеа повреда на десното стапало.
Апелационото тело на италијанската фудбалска асоцијација не ја уважи молбата на Наполи за намалување на казната на Калидуали Кулибали во Серија „А“. Па така дефанзивецот ќе го пропушти и мечот со Лацио во недела.
Барселона и Реал Мадрид нема да играат еден против друг четвртфиналето финалето во Шпанскиот Куп.
Поранешниот македонски репрезентативец Милован Петровиќ е најновото засилување на Работнички за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, соопштија од клубот.
Австриецот Марко Шварц ja освои првата алпскa комбинација сезонава од Светскиот куп во ски-алпски дисциплини во познатото швајцарско одморалиште Венген. 23-годишниот Шварц, кој е специјалист во слалом, триумфираше со вкупно време од 2:36.92 минути. Тој го освои убедливо слаломот со 48.77 секунди и го освои 13-тото место во спуст со 1:48.15 минута, но забележа најдобро вкупно време.
Трансферот на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ во кинески Шангај дефинитивно пропадна, но тој сепак утре нема да игра против Борнемут за својот тим Вест Хем.
Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, рече дека не е запознаен за напредок во преговорите со Гонзало Игуаин. Италијанецот изјави дека е фокусиран на натпреварите на тимот, а не на кој ќе дојде во тимот.