Судот за арбитража во спортот ја одби жалбата на Фудбалскиот сојуз на Боливија, кој се жалеше на одлуката за казната со која репрезентацијата на оваа земја два натпревари ги изгуби од „зелената маса“.
Чешкиот напаѓач Патрик Шик кариерата ќе ја продолжи во Рома, соопшти италијанскиот клуб.
Папе Диоп, шпанскиот фудбалер и досегашен играч на Селта од Виго, потпиша договор со Лион.
Фудбалскиот клуб ПСЖ постигна договор со Монако за доведување на напаѓачот Килијан Мбапе на заем, пренесе „Скај“.
Кеита Балде, досегашниот играч на Лацио, кариерата ќе ја продолжи во Монако, а трансферот е вреден 30 милиони евра, плус дополнителни бонуси.
Стеван Јоветиќ е нов фудбалер на Монако и ќе го носи дресот со број десет, па нема сомнение дека црногорскиот репрезентативец во клубот доаѓа како замена за Килијан Мбапе.
Наби Кејта, идниот играч на Ливерпул, изјави дека е исклучително среќен што наредното лето ќе го облече дресот на славниот клуб од „Енфилд роуд“.
Усман Дембеле, новиот фудбалер на Барселона, изјави дека е уште е далеку од тоа да го споредуваат со Нејмар, како и дека се радува што ќе има можност да учи од Лионел Меси.
Генералната проба пред почетокот на новата сезона за Вардар заврши со бронзен медал на Супер Глоуб. Во меч за 3. место на Супер Глоуб нашите ракометари го декласираа домашниот Ал Сад со 37-19 (14-10).
Унгарскиот фудбалски клуб Ференцварош денеска го промовира македонскиот репрезентативец Стефан Спировски. Сега веќе екс вардарецот се обврза на тригодишна верност кон еден од најдобрите унгарски тимови.