Шкендија во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа против Милан прво ќе игра во гости на „Сан Сиро“ на 17-ти август, а по седум дена ќе се одигра реваншот на „Телеком Арената“ во Скопје.
Бразилскиот фудбалер вчера официјално беше претставен како нов играч на ПСЖ, а на претставувањето изјави дека парите не биле главниот мотив за заминувањето од Барселона.
Кому ќе му падне напамет да симулира, ќе мора да има на ум дека има можност да биде казнет.
На денешната ждрепка одржана во Нион македонските екипи Вардар и Шкендија ги добија ривалите за баражот за Лига Европа.
Втора година по ред Шкендија се пласира во плејофот од Лигата на Европа.
Тетовци попладнево во реванш дуелот од третото квалификациско коло со 3-0 ја победија литванската екипа Тракаи, со што ја анулираа негативата од еден гол на првиот меч и со вкупни 4-2 патуваат во наредната рунда.
Како што е најавено, шпанската Ла Лига одбила да ја прифати исплатата на ПСЖ од 222 милиони евра за трансферот на Нејмар од Барселона.
Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа 1-1 против Ол стар тимот на американската МЛС-лига, а потоа го совладаа во пенал-серијата.
Фудбалскиот клуб Бешикташ донесе уште едно искусно засилување, овој пат во напаѓачката линија. Тоа е Алваро Негредо, поранешниот фудбалер на Валенсија, кој претходната сезона ја помина на позајмица во Мидлсборо.
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го освоија подготвителниот турнир Ауди куп во Минхен со победата над Ливерпул од 5-4 на пенали.