На обработени 50,80 отсто од избирачките места, според податоците на Државната изборна комисија води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 181.027 гласови пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 133.878 гласови.
Најнапред дозволете ми искрено на сите граѓани да им честитам за денешниов изборен ден кој што мина во една мирна и фер атмосфера, како што впрочем и доликува на секоја демократска и слободна земја.
Новата реалност значи дека Заев ја губи поддршката, а бројот во општините каде оваа власт е детронизирана повторно ќе биде огромен.
На 38,47% проценти обработени избирачки места за Стево Пендаровски гласале 126.410 гласачи односно 56,98%, додека за Гордана Силјановска 87.881 односно 39,61%
На 21,36 процент од обработените избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 59,92 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 36,79 отсто.
Во ДУИ на првата прес-конференција по завршување на гласањето истакнаа дека се задоволни од придонесот на партијата во двата изборна круга со што е овозможен цензусот и предноста на нивниот концепт.
Денешните избори беа успешни, фер, слободни и демократски оценија вечерва од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 11,56 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 65,79 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 31,07 отсто.
Во Општина Велес до 18:30 часот од вкупно 45.996 гласачи на гласање на 84-те избирачки места излегле 21.689 или 49,39 проценти од гласачите.
Постигнат е цензусот за избор на претседател на државата. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), излезеноста на гласачите до 18:30 часот изнесува 44,5 проценти.