Оригиналниот наслов излезе во далечната 2003 година, кој го донесе чешкото студио Future Games и која до ден денес се смета за една од најдобрите чешки видео игри на сите времиња.
Покрај зачувувањето на телефонските броеви, од сега при промена на телефонски апарати автоматски ќе се пренесуваат и вибер пораките кои досега доколку се активираше вибер на друг телефон се бришеа.
Криптовалутата Биткоин помина уште една замислена бариера откако вчера неговата цена премина 4.000 долари, што е најмногу во неговата седумгодишна историјата.
Редизајнираниот производ на Фејсбук под името „Вач Бит“ на почеток ќе им биде на располагање на ограничена група корисници во САД на мобилната апликација на социјалната мрежа, вебсајтот и на телевизиска апликација.
Оваа алатка за прв пат е објавена со првата верзија на Windows 1.0 во 1985 година и беше еден од првите графички едитори кој беше користен од милиони луѓе.
Администрацијата на САД го исфрли софтверот од московската фирма „Лабораторија Касперски” од две листи на владини технолошки набавки.
Самсунг Електроникс проценува дека во вториот квартал остварил раст на добивка од 72 отсто на годишно ниво пред се благодарение на пазарот со мемориски чипови и паметни телефони.
Јужнокорејската компанија „Самсунг“ соопшти дека почнува со продажба по пониска цена на обновената верзија на смартфонот „Galaxy Note 7“, откако минатата година го повлече од продажба поради безбедносни причини, јавија американските медиуми.
Социјалната мрежа Фејсбук објави дека ја достигна бројката од две милијарди активни корисници месечно.
„Гугл Плеј Стор“ ќе добие нова секција – Андроид Екселенс, која ќе ги нуди само оние апликации што Гугл смета дека се квалитетни.