Проф. д-р Драган Даутовски, актерот Ванчо Петрушевски, ликовниот уметник Реџаи Исени, историчарот и филозоф Стефан Влахов и албанологот Агим Пољоска се добитници на годинешната државна награда „23 октомври“
Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев, во својот говор пред државниот врв истакна дека ВМРО претставува темелот на која е изградена нашата татковина.
Обезбедни 59 милиони евра од Европската инвестициска банка за изградба на водоводни и канализациони системи низ цела Македонија До сега се реализирани 55 проекти во вредност од над 18 милиони евра.
Припадниците на АРМ повеќе од една година, при извршување на задачите спречија десетици, а во одредени денови и стотици обиди за нелегални преминувања на државната граница, така што денес вкупната бројка изнесува над дваесет илјади.
Република Македонија и Босна и Херцеговина се две пријателски земји кои имаат една цел, а тоа е мир, безбедност, просперитет за целиот регион, порачаа од Сараево министрите за одбрана на Македонија и на БиХ, Зоран Јолевски и Марина Пендеш.
Објавен е тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Инвестицијата за градба е 70 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во висина од 128 милиони евра.
Со грант од страна на Владата на Република Македонија, дополнителниот заменик министер Диме Спасов го пушти во употреба новиот дом за стари лица лоциран во Општина Сопиште.
Овие средби се одличен начин за размена на информации поврзани со актуелната безбедносна состојба и мигрантската криза заклучија министрите за одбрана на Република Макеоднија и на Чешка, Зоран Јолевски и Мартин Стропницки.
ФЗОМ склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во државата кои станаа дел од мрежата на здравствени установи, и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот.
Благоја Маневски - ликовен уметник, Раим Ганији – писател, Елена Мисиркова – пијанист и Атила Клинче – актер, се овогодинешните добитници на државната награда 11-ти октомври.