Основачите на Здружението се 16 големи грчки компании во нашата земја, а за претседател е избран Арис Влахос, додека пак во управниот одбор учествуваат претставници на Стопанска банка, на ЕДС, Усје и Интракат.
Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека веќе им дал налог на инспекциски служби да проверат дали, каде и зошто има поскапувања на домашните производи по воведувањето на платежните картички
Неодложно изнаоѓање начин за финансиска поддршка посебно на оние што не остваруваат дополнителна дејност, зацврстување на институционалниот дијалог и изготвување протоколи за работа, бара Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП) при Сојузот на стопански комори
Сојузот на синдикатите на Македонија бара работодавачите согласно Колективните договори да исплатат регрес за годишен одмор на почетокот на месец јули кога и најголем дел од работниците го исполнуваат условот за добивање регрес за годишен одмор со работење најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија
Прометот од продажбата на услугите во првото тримесечjе од 2020 година е за 0,2 отсто повисок отколку во првите три месеци лани
Во април годинава во земјава вкупно биле потрошени 587.015 мегават часови електрична енергија, 12,512 милијарди нормални кубни метри природен гас, 398.917 тони јаглен и 76.898 тони нафтени продукти
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека исплатата на јунските пензии ќе почне утре и ќе се одвива етапно, за поголема заштита на пензионерите од КОВИД-19
Со цел да им се помогне на корисниците полесно и побрзо да дојдат до информација за најповолните банкараски производи на дневна основа, овие денови започна со работа новата иновативна финансиска платформа Паричник.мк
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) почна програма за бесплатно онлајн учење и советување за микро, малите и средните компании (ММС) соочени со економското влијание од пандемијата од коронавирусот
Винари да не манипулираат со откупни цени и плаќање за грозјето од годинашнава реколта, апелираат од „Напредни лозари”