Хидроелектраните „Шпиље“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, во првите два месеца од годинава оствриле произвоство од 58 милиони киловат часови елерктрична енергија.
Германската компанија „Герешајмер“ АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје во која ќе се вработат 400 лица од кои речиси 100 инженери. Изградбата на фабриката ќе се реализира во пет фази и по завршетокот ќе биде најголема директна странска инвестиција во земјава.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев не е оптимист дека загубарот ОХИС може повторно да проработи и да се спроведе успешна стечајна постапка како во ФЕНИ индустри.
Инаку фабриката "Герештајмер" продуцира медицински материјал односно опрема, на пример инсулински пенкала.
Германската компанија „Гересхајмер“ АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Скопје.
Од половина до две третини од вработените во земјава се подвработени, односно се на несоодветни работни позиции во однос на своите квалификации, работат помалку часови или добиваат помала плата, што е особено изразено во приватниот сектор, покажува анализата на истражувањето „Високообразовани, а нископлатени: Вработеност на младите“ што изминатите две години го споровел Finance Think Институт за економски истражувања и политики.
Двоцифрена трговска размена, интензивни активности за железничко поврзување на Скопје и Софија до 2025 година, соработка за поддршка на претприемачите, воведување авиолинии Скопје-Софија и Охрид-Варна за почеток во текот на туристичката сезона, а потоа и трајно…
АД Електрани на Македонија завчера продаде 8.400 мегават часови вишоци електрична енергија за вкупна сума од 364.837 евра.
Северна Македонија како мала земја иако не прави проблеми во однос на стакленичките гасови, сé уште треба да работи на енергетската ефикасност, изјави денеска заменик-министерот Јани Макрадули на работилницата „Подготовка на Национален интегриран план за енергија и клима (NECP)“ за периодот 2020 – 2030 година.
Зајакнувањето на економската позиција на жените во урбаните и руралните средини како и еднакви можности за активно вклучување на пазарот на труд и раководење со повисоки позиции, може да биде клучно во менувањето на економската моќ на земјата, беше заклучокот на денешната прес конференција во организација на Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и Националната федерација на фармери.