„Еуроникел“, компанијата подружница на ГСОЛ, инвеститоорт во ФЕНИ индустри, во контактите со менаџментот на компанијата за производство на огнооотпорни материјали Нова Рефрактори од Пехчево изрази заинтересираност за влез во акционерската структура на оваа компанија.
Фирмите што се занимаваат со градежна дејност минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.701.532.000 денари, што е за 24,9 проценти помалку во однос на претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски годинава очекува зголемување на бројот туристи за 20 до 30 отсто.
Трговијата на мало на храна, пијалаци и тутун во мај годинава во однос на мај лани бележи номинално зголемување за 13 проценти, а реално за 9,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година бележи раст од 8,9 проценти, додека за петте месеци од годинава во однос на првите пет месеци лани зголемување од 7,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Постојат сериозни проблеми во администрирањето на даноците на имот во Скопје, за чие надминување се неопходни промени на законоите за даночна постапка, за даноци на имот и на платен промет, и на методологијата за проценка на имот.
Цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува за 0,1 проценти. Пониската цена на струјата ќе важи од 1 јули годинава.
Новата цена на струјата ќе се знае денеска по подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика.
Од Агенцијата информираат дека градоначалникот на Дојран и директорот на Агенцијата очекуваат рекорден број туристи оваа сезона, земајќи го предвид и одржувањето на „Д фестивалoт“ од 6 до 8 јули кој се предвидува да има 150 илјади посетители.
Стопанската комора на Македонија денеска организираше заедничка средба на претставници на компаниите членки на Комората со гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска.