Делегација на Владата предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, денеска имаше работен ручек со претставници на големи германски компании, бизнисмени и стопански комори.
Градоначалници и претставници на 11 општини од Источниот плански регион денеска во Штип се информираа со какви проекти да аплицираат за Програмата за фианнсиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2018 година.
Сојузот на стопански комори на Македонија бара да се воспостави систем на работа на инспекциските служби со кој ќе им се даде простор на компаниите да ги поправат утврдените нерегуларности, а не веднаш да бидат казнувани.
Министерството за инфраструктура (МИ) на Косово денеска свечено ќе го пушти во промет третиот и претпоследен сегмент на автопатот „Арбен Џафери“, кој ја поврзува Приштина со границата со Македонија кај Генерал Јанковиќ, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Грција останува топ дестинација за летување за македонските граѓани. Најголем дел од нив ќе одмараат во туристичките места во соседна Грција, иако годинава аранжманите се поскапи за разлика од лани, а воведена е и туристичка такса којашто се движи од 0,5 до четири евра во зависност од сместувањето.
Агенцијата за стоковни резерви од следната недела да ја почне постапката за објавување јавен оглас за откуп на домашна пченица за потребите на резервите, во количина од 12.000 домашна пченица.
Првичните монетарни податоци на Народната банка на Република Македонија за минатиот месец покажуваат значително забрзување на месечниот раст и на депозитите и на кредитната активност.
Со тоа се предвидува обврска за правните лица да поседуваат, чуваат и да ги впишат во регистарот на вистински сопственици податоците за нивните вистински сопственици, и се намалува износот на забраната за вршење на готовински плаќања од 15.000 евра на 2.000 евра.
Постои политичка волја меѓу Македонија и Србија да се реши трговскиот договор за цената на брашното, оцени денеска во Штип амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ.
Фирмите од градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 28.891.889.000 денари, од кои 10.579.144.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.