Како што појасни, ФИДИК-договорите се разликуваат од домашните затоа што во нивната изработка учествуваат стручњаци од цел свет, директни претставници на изведувачи, инвеститори и на проектанти.
Исто така, МАПАС известува дека сите идни поврзани процеси ќе се одвиваат во согласност со македонското законодавство во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови.
Осигурителните компании ќе работат на едукација на населението и на креирање на производи кои ќе бидат прифатливи на пазарот, порача Ѓорѓе Војновиќ, претседателот на Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија.
Годинава земјоделците ќе ги добиваат субвенциите кога им се потребни, односно пред почетокот на производствената сезона, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„Од Дунав до Охрид“ е заедничката туристичка промоција на Македонија и Србија која денеска беше претставена на 40. Меѓународен саем на туризмот во Белград, кој е во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со агенциите и хотелиерите.
Граѓаните на општина Аеродром од понеделник до 16 март ќе може да ги поднесуваат годишните даночни пријави за 2017 година во просториите на општината.
Во Словенија на крајот на 2017 година просечната нето плата се искачи на 1.062 евра. во Хрватска според најновите податоци просечната плата изнесува 835 евра.
Како што соопштија од Агенцијата, со засилени инспекциски контроли биле опфатени 398 месарници во однос на условите за производство, чување и трговија со месо и производи и подготовки од месо.
Меморандум за соработка за вклучување на приватниот сектор во проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ќе потпишат денеска министерот за економија Крешник Бектеши и раководителот на проектот Мирјана Македонска.
Подобри услуги и пониски цени без нарушување на конкурентноста на пазарот. Државата создава услови за влез на нова мобилна телефонија. Манчевски најави измени на сет мерки за мрежен, а не виртуелен оператор...