– Непосредно пред Конгресот, односно на втората пленарна седница делеа картони за гласање од никого не избројани и констатирани дека се во ред, додаде Деаноски.
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Превозници со основна дејност „патнички транспорт“ работат како туристички агенции, а туристички агенции со Б лиценца продаваат аранжмани и организираат патувања како да имаат А лиценца, алармира Здружението за угостителство и туризам.
Платите на работниците во Украина се најниски во Европа, а меѓу 10-те земји со најниски примања се Србија, Македонија, Белорусија и Албанија, покажало истражувањето на еден украински аналитички центар.
Во Македонија според порталот Славорум, на врвот е Орце Камчев, сопственикот на Орка Холдинг со богатство од 238 милиони долари.
Смета дека доколку сакаме Македонија да оди напред треба да има повеќе пари за да може да ги алоцира во образованието, во вработување, во истражување, а за сето тоа треба да се обезбедат буџетски приходи.
Швајцарскиот инвестициски фонд, ФОС, го организираше потпишувањето на Меморандумот за разбирање со банките, како и депонирањето средства за започнување на операциите во ФЕНИ.
Идната недела во работна посета на Македонија ќе дојдат турски компании кои што произведуваат орнаментално, украсно цвеќе. Тие бараат партнери за заедничко производство и настап на трети пазари.
Компанијата која што треба да стопанисува со рударскиот комлекс „Казандол“, „Сардич МЦ ДООЕЛ Скопје“ порачува дека при работењето воопшто нема да се користат опасни хемиски материи, ниту арсен, ниту цијанид, ниту пак други отрови.
Светска банка во рамки на Стретијата за партнерство со Македонија за период 2015-2018 година во наредниот период планира да обезбеди околу 135 милиони долари во нови кредити кои ќе бидат насочени кон управувањето со јавните финансии и реформи во социјалните услуги.