Издавачката куќа „Паблишер“ промовираше пред нашата читателска публика нова едиција насловена „Калеидоскоп“, која се состои од преводи на десет романи од автори кои досега не биле претставени во земјава, а кои се популарни кај публиката и критиката низ Европа и пошироко
Во издание на МАНУ излезе од печат монографската студија „Сенката на Марко Крале“ од академик Витомир Митевски, во која авторот прави компаративно истражување на античката, византиската и македонската епска поезија
Наградата Гран при на „ИКС ДЕНС“ 2019. ја доби Маргарита Гладишева (класичен балет, соло), 16-годишна ученичка во Школата за класичен танц под раководство на Генадиј и Лариса Ледјах, во Москва, Русија
Во мултимедијалниот клуб „Кафе и филм Котур“ денеска од 19.00 до 21.00 часот ќе биде одржана изложба на био-фотографии на тема „Урбани безрбетници“, организирана од страна на Истражувачкото друштво на студенти-биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии.
Тетовскиот театар вечер од 20 часот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ ќе ја има својата прва премиера во 2019 година – политичката драма „Изгубено писмо“ од романскиот драмски писател и поет Јон Лука Караџале, во режија на Куштрим Бектеши, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје
Ретроспективната изложба „Грабење во просторот“ (1981-2019) на Глигор Стефанов вечер, со почеток во 21 часот, ќе биде отворена во Музејот на современа уметност. Ова е прв настан во рамки на 40. издание на манифестацијата „Скопско лето 2019“
Студентите-апсолвенти од Факултетот за уметности при Универзитот во Тетово со заедничка изложба го одбележаа завршувањето на студирањето и учебната 2018/2019 година
Во рамки на активностите за збогатување на културна понуда и промоција на алтернативната арт-сцена во Охрид утревечер ќе се одржи промоција на двете нови детски книги „Шарените приказни“ и „Девојчиња и момчиња“ на македонската поетеса Ана Бунтеска
Јубилејното 40. „Скопско лето“ официјално ќе биде отворено на 21 јуни со гала оперски концерт на Националната опера и балет по диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ на плоштадот „Мајка Тереза“ со почеток во 21:30 часот
Филмови од поновата мексиканска продукција ќе бидат прикажани во рамки на Деновите на современ мексикански филм, што од 21 до 25 јуни ќе се прикажуваат во Кинотека