Во „Кино Култура“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Разговори со Унковски“ од Зоја Бузалковска, во издание на Театар на навигаторот Цветко. Разговорите се водени во три наврати – во 1999, 2010-та и непосредно пред објавувањето на книгата, кон крајот на 2018 година
Во Уметничката Галерија Тетово до 11 октомври ќе бидат изложени 30 уметнички слики од авторката Акиме Насуфи Реџепи, во рамки на нејзината прва самостојна изложба
Во локалната установа Градски музеј, Крива Паланка денеска беше промовирана драмата „Брачниот живот на Зона Замфирова“ од Трајче Кацаров, како придружна активност од програмата на 11-от Интернационален фолклорен фестивал “св.Јоаким Осоговски”
Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска се одржа поетско чествување за поетот, есеист и препејувач Анте Поповски, кој почина пред 16 години
Со премиера на две балетски едночинки – „Валпургиска ноќ“ и „Кармен“, в сабота (5 октомври) од 20 часот ќе биде отворена новата сезона 2019/2020 на Балетот при НОБ, во знакот на седум децении од неговото основање
Во организација на Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, во Охрид се одржува научен собир со меѓународно учество „Охрид и Балканот, археолошки погледи“
Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија му ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2019 година од областа на ликовната критика на Владимир Јанчевски
Со претставата „Странци“ на Драмски театар-Скопје синоќа беше отворен 22. Меѓународен фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово
Проекции на филмови, гостувања на режисери, концерти и изложба на филмски постери се на програмата на деветдневниот фестивал на филм и музика „Ѕирни“ кој се организира по повод една година од отворањето на „Котур кафе и филм“ – локација за културни настани во центарот на Скопје
„Политичко времено специфично“ е насловено предавањето кое вечер од 19 часот во Музејот на современата уметност-Скопје ќе го одржи кубанската уметница Тања Бругуера (Хавана, 1968)