Се работи за изложба на слики од македонскиот уметник Мице Јанкуловски и Олга Тобрелуц од Русија. Куратор на изложбата е Жолт Петрани од Унгарија, а куратор-соработник Корнелија Конеска од галеријата „Остен“
За мене книгоиздаваштвото не е бизнис, туку мисија која ги изразува моите напори за промоција и популаризација на македонската литература која е современа, европска и која ми лежи на срцето
Краткиот роман „Куклата“ со поднаслов „Портрет на мајака ми“ на Исмаил Кадаре, најистакнатиот албански и еден од врвните европски писатели, е преведен на македонски јазик
Дваесет и шесте музеи во земјава во 2018 година имале вкупно 427.493 посетители, соопшти Државниот завод за статистика.
Во рамки на 12. Македонска книжевна визита што се одржува во Софија, денеска во салонот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија (MКИЦ) ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал“ на годинашниот носител на ова признание – писателот, книжевен истражувач и издавач Пламен Тотев
Во Центарот за култура „Ацо Караманов” денеска и утре ќе се одржува Филмскиот феситивал за млади „Џифони патува во Радовиш“
Писателот Божин Павловски денеска напладне на штандот на „Матица македонска” на Саемот на книга ќе има средба со читатели и ќе го потпишува најновиот роман „Мемоари на задоцнетиот романтичар”
„Влези во дигитален свет“ е мотото на Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци која Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје ќе ја организира од денеска до недела во Крушево
Изложба на дизајнирани постери инспирирани од 100-годишнината од Меѓународна федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која ова година во целиот свет се одбележува под мотото “Љубов” ќе биде отворена денеска во Public Room во Скопје
Со звуците на „Триумфалниот марш“ од „Аида“ и палење на фестивалскиот оган, во Националната опера и балет вечерва беа отворени 47. Мајски оперски вечери, на кои до крајот на месецов ќе бидат изведени шест оперски и една балетска претстава.