Во ВИП Арената во „Борис Трајковски“ за десетина дена ќе биде одржан голем концерт на Џибони, а покрај него на концерот ќе настапуваат и Влатко Стефановски, заедно со неговото трио, како и „Фанк Шуи“.
НУ Турски Театар вечер во Театар Комедија ќе ја изведе претставата за младинци „Ана и Хана“ по мотиви на Дневникот на Ана Франка, во адаптација и режија на Драгана Гунин.
Во Младинскиот културен центар вечер во 20 часот премиерно ќе биде изведен перформансот „Unicorns(Magic world)“ на Скопје танцов театар.
Втора јавна дебата за Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата ќе се одржи денеска во Кинотеката на Македонија во организација на Министерството за култура.
Во Македонската опера и балет синоќа се оддржа првото издание на музичкиот фестивал на забавни песни на албански јазик, „Бум фест“.
Изложбата насловена „Етно записи” на академскиот сликар Драги Хаџи Николов од Гевгелија, беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Изложени се дваесетина дела изработени со масло на платно.
Себепронаоѓањето, потрагата по исконското, искреното се забележува од фотографиите, од перформансите, инсталациите, различните медиуми преку кои се презентира кумановскиот уметник Страхил Петровски.
На Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Основни принципи на топографијата“ (Basik Principles of Topography) од проф. д-р Благоја Маркоски од Институтот за географија при ПМФ.
Македонската филхармонија вечер во 20 часот ќе одржи симфониски концерт под наслов „Магична виолина“, на кој како солист ќе се претстави еден од најголемите виолинисти на денешнината, Вадим Репин од Русија.
Во Археолошкиот музеј на Македонија денеска ќе се одржи четвртата конференција „Неолитот во Македонија“.