Во галеријата на КИЦ на Република Македонија во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
Со музичко-поетскиот перформанс „Поетска сина ноќ“, вечер во Радовиш почнуваат 45. Караманови средби. На манифестацијата со врвни уметнички дела и креации ќе учествуваат триесетина уметници и поети, членови на ДПМ и гости од пет балкански земји.
Триото „Опера“ во состав: Татијана Петрушевска Караскаковска – обоа, Игор Бакревски – кларинет, Марјан Милошевски – фагот, вечер, во рамки на манифестацијата „Есенски музички свенечености“, концертно ќе го промовира компакт дискот „Звукот на трските“.
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска напладне ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на писателот Неџати Зекирија (1928-1988) – поет, раскажувач, писател за деца, преведувач од турската националност во Македонија.
Македонскиот композитор Вулнет Таири го објави својот прв компакт-диск со пет композиции за различен инструментален состав, како избор од неговиот досегашен композиторски опус.
Со предавањето „Помеѓу политиките на задолжување и неофашистичкиот бран во светот“ на Маурицио Лазарато, италијански социолог, филозоф и активист кој живее и работи во Париз, вечер од 19 часот во Музејот на современа уметност ќе биде отворен третиот Меѓународен фестивал за критичка култура-КРИК организиран од „Контрапункт“.
Националната галерија на Македонија (НГМ) денеска во Даут-пашин амам ќе ја отвори традиционалната годишна изложба на основни училишта, која ќе може да се посети до 24 ноември.
Издавачката куќа „Слово“ објави превод на студијата „Флуиден страв“ од Зигмунт Бауман (1925-2017), современ полски социолог и влијателен филозоф. Пред оваа, „Слово“ објави уште две студии од овој автор – „Флуидна љубов“ и „Флуидни времиња“.
Вкупно 3.900 ликовни творби од седум држави пристигнаа на традиционалната меѓународна изложба за деца и младинци „13 Ноември“, што е отворена во библиотеката „Другарче“ во Кинотека на Македонија.
,,Гитари, дирки и свирки” ќе биде првото училиште за музика и уметности во земјава, кое e наменето само за деца и млади во социјален ризик каде децата ќе можат да го изучуваат инструментот или ликовната уметност, зависно што ќе одберат и тоа за нив ќе биде сосема бесплатно.