Во општина Ѓорче Петров од денеска по до недела првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“, на која ќе настапат многу познати музички имиња, играорни групи, млади таленти и баскер артисти.
Културно-информативниот центар Романса од Македонска Каменица вечерва е домаќин на караванот на 33. Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско Здравоживо“.
Агенцијата за филм на Република Македонија ја претстави македонската кинематографија и продукциската дејност на „Matchbox co-production lounge“ во рамки на 25. Филмски фестивал во Олденбург, Германија, кој се одржа од 13-ти до 16 септември.
На почетокот на септември екипа на Народниот музеј од Велес под раководство на археологот Анита Василкова-Мидоска почна археолошко истражување на Кале кај велешкото село Стари Град. Ова е четврто истражување на овој локалитет по претходните три во 2005, 2006 и 2015 година.
Претставници од Музејот Куманово присуствуваа на Форумот на словенски култури кој од 12-ти до 16 септември се одржа во Прага. Пред колегите од 25 музеи од 12 држави тие го претставија Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, неговата оригинална архитектура, декорација, местоположба и како објект репрезент на модерната музеологија.
Шеснаесетгодишната Камелија Алексовска, ученичка во втора година гимназиско образование во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, е најмлад уечсник на 4. Меѓународна олимпијада по француски јазик која се одржува во Охрид.
Македонската етно група „Љубојна“ успешно настапи на меѓународниот фестивал „Медитерански култури“ кој синоќа заврши во португалскиот главен град Лисабон.
Во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка беше отворена ретроспективната изложба на театарски плакат и фотографии од Меѓународниот театарски фестивал св.Јоаким Осоговски.
Националната установа Турски театар утревечер ќе ја отвори сезоната со изведба на претставата „Кралот Лир“ од Вилијам Шекспир во режија на Диего Де Бреа.
Каков национал-социјализам! Значи, според објавеното на Фејзбук, ако Висар Вишка знае на 13 ти Септември дека на 17 ти истиот месец во приватна фирма ќе има инспекција, логично е да се претпостави дека тој знае и за пријавата на Јавното Обвинителство која постои а ние не знаме, а за која тој уште завчера најави дека ќе се случи!