Ова е целосен триумф на Дурловски во првиот негов настап по притворот кој му беше одреден за настаните на 27 април минатата година и обвинението за наводен тероризам.
Публиката во преполната сала уживаше во звуците на македонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов. Концертот, кој истовремено е дел и од програмата со која се чествува 100-годишнина од обновување независност на Полска, предизвика големо внимание, а музичарите беа наградени со стоечки овации.
Програмата на петтиот по ред меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ што ќе се одржи од 18 до 24 јуни во Спортскиот центар Ново Лисиче беше презентирана денеска на прес-конференција во Театар Комедија.
Проектот на НУ Музеј Куманово, „Кокино - македонски бренд“ ја доби наградата музејски проект од Македонскиот национален комитет од Меѓународниот совет на музеите, по повод Меѓународниот ден на музеите.
Со македонскиот фолклор, македонската изворна музика и македонски детски песни се запознаа посетителите и учесниците на Шестиот меѓународен фестивал на мултијазичност, што викендов се одржа во Солун.
- Услови за работа има, се создаваат, но најголемиот проблем е чекањето. Осумдесет проценти од нашава професија е чекање – дали на сет, дали на проба. Се чека и за вработување. Се чека шанса, се чека некој да те викне..., рече дипломецот Зоран Митровиќ по една од пробите на дипломската претстава „Голем студ“ на Малата сцена во Македонскиот народен театар.
По Лудвигсбург, Љубљана и Лондон, најновиот проект со музика од Македонија - „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите ќе биде претставен и на турнеја пред полската публика. Серијата концерти ќе почне во Варшава на 20 мај, Шќеќин на 22 мај, два дена потоа во Гдањск и на 25 мај во Катовице.
Археолошкиот музеј на Македонија денеска ги промовира новите простории на најстарата и најголемата специјализирана археолошка библиотека во нашата држава.
Министерот за култура именуваше шест нови директори со редовен мандат во национални установи од областа на културата, по завршување на постапката од јавните конкурси.
Македонскиот народен театар утре со претставата „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов ќе настапи на 6. Меѓународен театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа" во Благоевград, Бугарија.