Кавадарци има загадување со повисоки вредности на пм 2.5 честички во време на грејна сезона, зимските периоди, особено попладневните часови во таа сезона
Со сослушување сведок кој се наоѓа во странство преку видео-врска, денеска во Основниот суд во Охрид се одржа прво судско рочиште од процес во рамки на кривичен предмет што се спроведува „online“ или преку Интернет
Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, оствари средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на која било дискутирано за актуелната состојба во општината и во земјава
Условите во македонските затвори се подобруваат, но е потребна уште заедничка работа. Останува процената на Европската Унија дека во одредени случаи има несоодветно постапување
Во Берово утре ќе биде разгледана иницијативата за преименување на улица во чест на прерано загинатиот словенечки пожарникар Жан Кофол, кој беше еден од најистакнатите во гаснењето на пожарите во Малешевијата. Иницијативата е на беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, кој најави дека иницијативата ќе се разгледува на утрешната седница на Советот на општината
Tринаесетте советници од ВМРО – ДПМНЕ во Советот на Општина Штип ќе ги потпишат свечените изјави со уставното име на државата
Обилните дождови последното деноноќие ја заматија водата во крушевскиот водовод
Водата од изворите во селото Крушје, од која се снабдува со вода градот денеска е забранета за користење, соопшти Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен
Поради обилните врнежи од дожд што го зафатија струшкиот регион, водата во општина Струга е загадена и не може да се користи за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“
Интензивните врнежи од дожд изминатите денови го подигна нивото на реката Треска од нулта кота на кота од 130 сантиметри, што придонесе да бидат поплавени голем број ниви и ливади во близина на речното корито