Општата болница Куманово доби нов апарат за ЕХО дијагностика, кој ќе се користи во Ургентниот центар, во флеболошка амбуланта за дијагноза на пореметување на венска циркулација. Апаратот е донација од Светска банка
Општина Богданци со владин договор за пренамена на средства доби државни пари во висина од околу 10,5 милиони денари кои ќе бидат искористени за целосна реконструкција на улицата „Бранд Петрушев“, која е една од главните сообраќајници во Богданци
Локализиран е пожарот што вчера попладне избувна на старата дива депонија во Гевгелија. Од страна на ЈПКД „Комуналец“ на терен е испратена екипа за целосно гаснење на пожарот и расчитување на просторот
До петок ќе се задржи сончево и многу топло време, а од викендот се најавува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР
Во Кочани успешно заврши проектот за изведување општинско корисна работа, со која 15 невработени лица беа работно ангажирани и добиваа финансиски надоместок
Раководството на ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ од село Пласница, летниот одмор на учениците го искористи да го вароса училишниот објект, за да ги подобри хигиенските услови во училиштето, како и да им обезбеди подобри услови за настава на учениците од повисоките одделенија, со отворање на нови кабинети по физика и хемија
Во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата, во Детското одморалиште „Радости" во Охрид по седми пат се одржа традиционалниот книжевен камп „Да бидам, да бидам…"
Преставници од земјите вклучени во проектот „Дримски Басен“ ја одржаа Осмата конференција, на која е направен осврт на целокупниот процес за соработка за управувањето со Дримскиот Басен и беа дискутирани чекорите што се предвидуваат за во иднина
Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ=9
На Струмичкото корзо на отворено вечерва беше поставена изложбата „Врамено време“, на која се презентирани 24 репродукации на стари фотографии од Струмица, во периодот од 1900 до 1938 година.