Во јунскиот уписен рок, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија се запишале вкупно 174 ученици од кои најмногу, поточно 60, се запишале во гимназиското образование, соопштија денеска од гимназијата по објавувањето на ранг листата
Штип и Мармарис да бидат понудени како туристички дестинации што ќе биде од огромно значење за туризмот и стопанството на двете општини, договориле на средбата градоначалниците Сашко Николов и Мехмет Октаи
Граничните премини Богородица и Дојран на македонко грчката граница функционираат нормално. Покрај нашиот најфреквентен премин Богордица, кој работи без прекин, од синоќа од 22 часот официјално беше отворен и граничниот премин Дојран за секаков вид на сообраќај, потврдија денеска од граничните дежурни служби
Археолошкото одделение од НУ Музеј Куманово заврши со овогодинешните истражувања на локалитето Градиште, во село Младо Нагоричане, соопштија денеска надлежните од установата
Со концерт на повеќе музички артисти и проекција на видеоспот, локалната власт започна кампања за туристичка промоција на Гостивар
Управата на општинското средно техничко училиште „Гостивар“ на пригоден начин ги промовираше инвестициите со кои значително се подобрени условите за настава
Времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието
Во Скопје, сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Наредниот викенд во Кичево, по 13-ти пат ќе се одржи Меѓународниот фестивал на игра и песна „Др.Владимир Полежиноски“.
Во регионалната занаетчиска комора на Гевгелија, во која се зачленети преку 300 вршители на самостојна занаетчиска дејност од општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран во време на пандемијата финансиска помош од државата за доделување осум плати по 14.500 денари искористиле сите кои ги исполнувале условите за покривање на придонесите и опстојување на дејноста.