Aнгажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на поставување комплетно ново улично осветлување во населба Голеш лоцирана на Тиквешкото Езеро, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев
Претставници на повеќе граѓански организации во земјата денеска дебатираа на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“
Топлотниот бран со температури близу до 40 Целзиусови степени им задава главоболки на земјоделците во Струмичко
Четириесет наставници, стручни соработници и директори од основните училишта и гимназијата во Гевгелија учествуваа на обука на тема „Образованието, семејството и менталното здравје во време на Ковид-19“, што ја организираше Општината во соработка со Институтот за европски, образовни и социокултурни и економски политики „ЕУ за тебе“
Еден од најголемите капитални проекти кои се реализираат во оваа календарска година во Кичево е целосната реконструкција на улицата„ Борис Кидрич“, една од главните сообраќајни артерии во градот
Во централното градско подрачје на Македонска Каменица во тек се активности за уредување на јавниот простор на повеќе локации
Одобрениот проект од УНДП и овозможи на општина Гевгелија да распише јавен оглас со кој ќе ангажира десет општи работници за уредување јавни сообраќајни површини и чистење одводни канали на територијата на Гевгелија, соопштија денеска од општинската служба за односи со јавноста
Во Здравствениот дом во Македонски Брод привршува ревакцинацијата на граѓаните со кинеската вакцина „Синофарм“, а од 26 започна ревакцинацијата со британската„ Астра Зенека“ и за денеска се очекува во овој град да пристигнат првите 200 вакцини на „Синовак“, потврди Жарко Симески директор на Здравствениот дом
Општина Брвеница им препорача на жителите на селата Брвеница и Седларце да не ја користат водата за пиење од водоснабдителниот систем се додека не се дознаат резултатите од епидемиолошките анализи на Центарот за јавно здравје откако имало голем број поплаки до нив за појава на дијареја и повраќање
Во тетовската полиција во текот на вчерашниот ден се пријавени два поголеми пожари на обработливо земјиште во реоните на селата Стенче и Радиовце