Филип Димитров го извлече светиот крст од реката Вардар во Неготино, на денешниот празник Богојавление - Водици.
Триесетина лица денеска се обидоа да го фатат светиот крст во реката Бошавица во Демир Капија, но најсреќен беше Предраг Лазаревски од Демир Капија.
На денешното централно одбележување во Прилеп учествуваа 124 верници, од кои 14 девојчиња.
Најсреќен меѓу пријавените што денеска скокнаа во Ранковска Река по Богојавленскиот свет крст беше Филип Пауновски од село Гиновце, а во Општина Кратово, Давид Велковски.
Средношколецот Илија Долев од кавадаречкото село Бегниште прв дојде до светиот крст положен во водите на Тиквешкото Езеро, втора по големина вештачка акумулација во државата.
-Повеќе пати скокам по крстот и сега прв пат успеав да го фатам. Посакувам здравје и среќа на сите. Се надевам дека идната година ќе не има повеќе, рече Шопов.
Битолчанецот Александар Најдоски го фати осветениот крст во Радика, што беше положен од епископот Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление - Водици.
Православниот празник Богојавлние-Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци - Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник.
Четириесетгодишниот Трајче Камчев прв стигна до светиот крст положен во водите на браната Моклиште кај Кавадарци.
Виктор Андреевски беше најбрзиот и успеа да го фати осветениот крст во осветените води во Пехчево.