Министерот за култура Асаф Адеми и претседателот на Комисијата за управување со Охридскиот регион, Зоран Павлов денеска на седница на собраниската Комисија за култура ги презентирани активностите околу управувањето со овој регион и состојбите со природното и културното наследство.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, денеска се сретна со претседателите на месните заедници пред кои ја презентираше нацрт верзијата на општинскиот буџет за идната 2019 година.
Без храна веќе три дена е Интернатот за средношколци кои од други места престојуваат и учат во Кавадарци, реагираат нивни блиски. Во домот во Кавадарци се сместени над 50 деца од цела Македонија кои се школуваат во три средни училишта во овој град.
Младите се повеќе треба да се фокусираат на неформалното образование со цел да се комплементира формалното. Неформалното образвоание е одлична можност да ги надополнат дупките што ги создава формалното. Ова се дел од заклучоците на денешната тркалезна маса „Со неформално образование до полесно вработување на младите“ што ја организира „Млади инфо Интернационал“ во соработка „Порака nова“ од Струга.
Водата од водоводот во кочанското планинско село Полаки е неисправна за пиење, поради што е издадена забрана за нејзина употреба.
Нов пензионерски дом за пензионери со мали пензии беше отворен денеска во Неготино. Се работи за осум посебни станови во кои се сместени два брачни пара и шест други пензионери со ниски примања. Целиот проект е околу девет милиони денари, а е инвестиција на Здружението на пензионери од овој град.
Тимот од Република Македонија кој учествуваше на 15-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки што се одржа од 2 до 11 декември 2018 година во Габоране, Боцвана освои три бронзени медали.
Прилеп има поставено плоча во чест на швајцарскиот и светски реномиран писател, Никола Бувие. Во својата книга „Употребата на светот“, објавена во над 100 светски јазици, Бувие пишувал за Прилеп, а во два наврата и престојувал во градот под „Марковите кули“ и тоа во далечната 1953 и во 1995 година.
Воведувањето иноваци во земјоделеството е неопходно поради фактот што 30 проценти од вкупниот извоз на Македонија се земјоделски производи, а 12 проценти е придонесот на оваа гранка во Бруто домашниот производ.
За е-персонален данок во УЈП се регистрирале 70 отсто од жителите во Вардарски регион. Станува збор за даночни обврзници од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Велес, кои ја извршиле својата законска обврска.