Општина Радовиш со општините Белишче, Бенковац и Биоград на море од Хрватска и Мојковац и Колашин од Црна Гора договараше соработка за полесен пристап до ЕУ фондовите, кои се фокусираат на заштита на околината, туризмот, културата и спортот, информираат од општината.
Општина Струмица го стави во функција специјалното возило за превоз на лица со попреченост, донација од Владата на Република Бугарија. За градоначалникот на Коста Јаневски, со тоа се зголемува мобилноста на лицата со попреченост.
Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека имаат регистрирано 12 клинички непотврдени случаи со симптоми на грип, биле доставени и два материјали за да се утврди дали станува збор за грип, но резултатите, кои ги добиле покажуваат дека се негативни.
Охрид се уште не го решил проблемот со кучињата скитници што го имаат запоседнато централното градско подрачје.
Управниот одбор на комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани донесе одлука со која на сите корисници на услугите кои имаат заостанати сметки за потрошена вода им се одобрува да го платат долгот без пресметаната камата за задоцнето плаќање.
Со многу радост, восхит и израз на голема благодарност, штитениците од Дневниот центар, ги примија подароците и возвратија со пријатни прегратки, широки насмевки и музички изведби.
Претставници од Светската банка денеска остварија работна средба со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски на која се запознаа со стратешките планови, приоритетни проекти и програми за следната година, како и за претстојниот период.
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во организација на Сојузот на телесни инвалиди се одржа турнир на кој учествуваа лица со попреченост.
Меѓународниот Ден на лицата со попреченост 3 Декември беше одбележан во неготинска „Порака“, Центар за помош на лица со ментален хендикеп, кој веќе неколку години го спроведува процесот на деинституционализација, извлекување на лица со хендикеп од гломазни институции и сместување во станбени единици како семејства, од по неколку членови.
Живописните осоговски села изумираат. Во нив останале да живеат по неколку возрасни жители, а старите куќи, камењата, урнатите фурни говорат дека во нив пред неколку децении имало живот.