Панел дискусија на тема европските интеграции во развојните перспективи на општина Берово и Источниот плански регион ќе се одржи денеска во Берово.
Мнозинството советници во Советот на Општина Штип на денешната седница го прифатија Предлог ценовникот за зголемување на цената на паркинг местата во Штип кој го достави ЈП „Стипион“.
Градоначалникот на Битола Наташа Петровска денес во својот кабинет оствари работна средба со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.
Советниците од ВМРО – ДПМНЕ не гласаа за усвојување на кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Ново Село за периодот од 1 јануари до 30 септември годинава.
Со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА , Општина Охрид ќе ги реконструира трибините на фудбалскиот стадион во СРЦ „ Билјанини извори“ .
Нова центрифуга за испитувања доби лабараторијата на Клиничка болница во Штип.
Тимовите на Националниот ромски центар (НРЦ) ги посетија ромските семејства од кумановските населби за да ја подигнат свеста кај оваа заедница за потребите и значењето за легализација на нивните домови. Оваа активност НРЦ ја спроведува во партнерство со организациите “Симбиозис 12” од Куманово и “Бела Кула” од Кичево во рамки на проектот “Поддршка за легализација на ромско домување” финансиски поддржан од Европската Унија.
На планинските премини Стража и Плетвар утринава има остатоци од кашест снег, а во Стојмирово, Кичево и Попова Шапка врне слаб снег, но тој, како информира Авто мото сојузот на Македонија, не се задржува на коловозот.
Во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков" воПрилеп во недела на 2 декември, премиерно ќе биде изведна новата претстава, сценско-музичкиот перформанс за млади „Малата Сирена" на танцовото студио „Зодијак".
Вкупно 34 крвни единици се собрани денеска на крводарителската акција во Свислион Агроплод што ја организираше општинската организација на Црвен крст Ресен.