Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Пожаране (39 литри на метар квадратен), а најмалку во Скопје-Петровец и во Крива Паланка (3 литри на метар квадратен).
Речиси двојно зголемени во однос на ноемврискиот просек се нивоата на реките Вардар кај Јегуновце, Сатеска кај Ботун и Брегалница кај Берово, соопшти УХМР.
Членовите на планинарскиот спортски клуб Голак од Делчево, Берово, Пехчево и Велес и огранокот на овој клуб Сосна Берово го реализираа клубскиот планинарски марш за искачување на врвот РУЕН 2252 метри надморска висина на Осоговските Планини. Како што информира Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“ од Делчево планинарите реализирале маршрута во вкупна должина од 15 километри.
Главната цел на овој проект е да се подобри управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и спроведување на мониторинг. Проектот ќе трае 12 месеци.
Над 140 тони стаклен отпад биле собрани за еден месец од контејнерите за селектиран отпад во државава. Над 50 проценти од овие количини се собрани од угостителски објекти.
-Првата година не успеавме да ги видиме резултатите на финансиски план, бидејќи почнавме да се грееме од средината на јануари до април, иако таа зима беше една од најстудените, но веднаш можеше да се почуствува поинаков интензитет на топлина што го дава гасот, вели Ѓорѓевска.
Државата го остави езерото без стопан, 4 месеци нема кој да се грижи за зачувување на рибниот фонд на Охридско и да го заштити од рибократци. Бидејќи концесионер нема,сега во водите на езерото се врши масовно риборакадење.
Поради густа магла на патот Тетово – Попова Шапка видливоста е до 10 метри, информира ЈП Македонија пат.
Дебар денеска се прости од градоначалникот Ружди Љата, кој по кусо и тешко боледување почина вчера на 65-годишна возраст.
По кусо и тешко боледување на 65 годишна возраст почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.