Околу 200 натпреварувачи од Македонија и од земјите од поранешните југословенски простори, денеска учествуваа на првиот полумаратон што се одржа низ улиците на Прилеп. Покрај полумаратонската трка во должина од 21 километар, натпреварувачите ја трчаа и рекреативната трка на пет километри.
Во градинката „Бубамара" во Аеродром вчера се одржа обука за ран детски развој и учење, која се фокусираше на темите како учат децата, развој на говорот и стимулативна средина за учење, а беше наменета за професионален развој на воспитувачи, стручни работници и соработници од градинката.
Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола денеска врши реконструкција на регионалниот цевковод што води од населеното место Кравари долж водоводната линија до граничниот премин Меџитлија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози. Како што информира АМСМ, намалена е видливоста 30 до 50 метри поради магла на планинскиот превој Буково и од Маврово до Бунец.
Во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Водоча, архиепископот г.г. Стефан заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА утрово ќе отслужи Божествена литургија на која ќе биде извршена хиротонијата на новоизбраниот епископ полјански Јаков. Одлуката на Синодот е донесена на 29 септември оваа година.
Социјалната заштита на локално ниво и отворање на Дневен центар за лица со посебни потреби, беа главните теми на денешниот разговор меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од градот Сандефјорд, Норвешка.
Со два проекта прилепската регионална стопанска комора почнува да го решава големиот проблем за стопанството – недостигот од квалификувана работна рака.
Акција за чистење во населеното место Кирил Петрушевски – Вардариште се одржа на неколку локации при што се чистеа мини депонии, се собираа отпадоци, беа поставени корпи за отпадоци а се сечеа и суви гранки.
Со целовечерен концерт утре во МКЦ во Скопје, културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани ќе одбележи „70 години организиран фолклор во Вевчани“. Во рамките на концертот ќе биде прикажан и документарен филм кој со архивски снимки и слики ќе сведочи за оваа долга и континуирана традиција на организиран фолклор од првиот настап на 11 Октомвриските свечености во Скопје во 1947 година до денес.
Здружението на жени „Дојрана" вечер ќе биде домаќин и организатор на традиционалната манифестација „Дојранска софра" на која домаќинките од Дојран ги презентираат разните јадења карактеристични за ова поднебје.