Во рамки на прославата на Денот на албанската азбука и 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег претседателот на Република Албанија, Илир Мета, заедно со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и претседателот на ДУИ Али Ахмети, денеска направија прошетаат низ Старата чаршија во Скопје.
Со културно-уметничка програма на учениците од основните и средните училишта во кои наставата се одржува на албански јазик Општина Струга денеска го одбележа Денот на албанската азбука – 22 Ноември.
На завршен настан во Делчево беа презентирани резултатите од проектот, кој имаше за цел зачувување на автохтоните сорти на овошни култури во Источно-планскиот регион.
Наставниците, професорите и вработените во охридските основни и средни училишта се уште не ги примиле платите за месец октомври.
Општина Пробиштип организира бесплатни ехо прегледи на дојка во Здравствениот дом „Нада Михајлова“, во рамки на програмата за социјална заштита за 2018 година, информира Марија Митева од кабинетот на градоначалникот.
Традиционалната архитектура од Крива Паланка претставена на педесет архитектонски цртежи во техника туш на хартија од денеска е изложена во уметничката галерија на Локална установа Градски музеј, Крива Паланка.
„Југохром“ нема да работи додека не ги исполни еколошките стандарди, но поради неговото значење за населението во регионот, но и за целокупната економија, Владата на последната седница преку Македонската банка за поддршка на развојот во Програмата за поддршка на фирми со потешкотии определи 1,5 милиони евра ликвидни средства за рестартирање на „Југохром“.
Во Свети Николе се одржа првата сесија од Форумот на заедници во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети", што се спроведува во неколку општини. На сесијата учествуваа 120 граѓани, претставници на бизнис секторот, невладините организации и од општинските и државните институции.
Повторно започна со работа подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето во општина Македонска Каменица. Како што информира Соња Стаменкова, градоначалничката на општина Македонска Каменица канцеларијата е сместена во општинската зграда.
Со еднократна парична помош од 6.000 денари, општина Крушево ќе го поттикнува запишувањето ученици во средното училиште „Наум Наумоски Борче".