Фасада од куќа во Кавадарци, вчера била оштетена од непознати лица кои фрлале со јајца, инцидентот за МИА го потврди портпарол на СВР Велес Верољуб Додевски.
Ѕвездата е поставена во 2010 година кога Пандев ја освои титулата европски и светски шампион со италијанскиот Интер, односно истата година кога е изграден новиот струмички плоштад.
Од вкупно регистрираните земјоделци само четири проценти се осигурени со полиса за земјоделско осигурување. Поголем е процентот на правните лица кои ги осигураат земјоделските површини, отколку процентот на физички лица, односно 28 отсто од премијата припаѓа на физички лица, а 72 отсто на правни лица.
Општина Гевгелија денеска ја соопшти петдневната богата културно уметничка програма со која ќе го одбележи Денот на ослободувањето – 7 Ноември.
Дали да застанете или да успорите? Каде да се подзакриете во случај на сообраќаен метеж? И најважно- како да не одмогнете? Гужвите и метежот во сообраќајот се фрустрирачки за многу возачи.
Општина Битола ја утврди програмата за одбележување на „4 Ноември“, денот на ослободувањето на градот, која според востановената традиција се реализира со повеќе манифестации, а завршува на денот на празникот со свечена академија.
Во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Истражувачкиот центар за животна средина и материјали, денеска во МАНУ ќе се одржи научната конфренција на тема „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“.
Во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид денеска и утре ќе се одржува Меѓународна судска работилница на тема „Ефективна иплементација на реформираниот концепт на судскиот совет“, организирана од Здружението на судии на Република Македонија и Амбасадата на САД во соработкa со „CEELI“ Институтот од Прага.
Претставници од Македонското здружение за заштита при работа ќе учествуваат на Меѓународната конференција за регионална соработка за безбедност и здравје што од денеска до сабота ќе се одржи во Приштина, Косово.
Во организација на Министерството за локална самоуправа денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса за „Предизвиците и дилемите во системот на финансирање на надлежностите на општините-редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменски и блок дотации за општините“.