Телесното вежбање и спортот не се резервирани само за „здравите” лица. Младите лица со инвалидност, исто така, ако не и повеќе од тоа, имаат потреба од телесна активност со програмиран напор и правилно дозирани физички оптоварувања.
Пробиштип е подготвен за петото издание на „Summer festival“. Раде Илиевски од Општина Пробиштип на денешната прес-конференција рече дека оваа година фестивалот се одржува на 27 и 28 јули, а на штандовите ќе се нуди добра скара, ладно пиво и прекрасната македонска музика.
Карванот во рамки на кампањата „На секое дете му треба семејство“ денеска беше во Тетово, каде на градскиот плоштад граѓаните се информираа за условите за згрижување дете.
Битолчанецот Никола Костурски, лустриран од поранешната државна Комисија за верификација на фактите, позната уште како Комисија за лустрација, денеска на прес конференција во Битола изјави дека Европскиот суд за човекови права донел одлука, а Владата на Република Македонија дала согласност за исплата на 6.500 евра оштета заради прекршување на човеково право –фер судење.
Поради зголемениот интерес за собирање шумски плодови во кочанскиот регион, подружницата „Осогово“ на ЈП „Македонски шуми“ за првите шест месеци од годинава издала над 70 дозволи.
Проблемот на пациентите кои подлежат на хемодијализа која до неодамна је добиваа во подружницата на Центарот за дијализа „Систина нефроплус“ во Дебар, а сега се приморани да патуваат до Струга, се очекува да биде надминат.
Четиричлена македонска планинарска експедиција успешно го искачи врвот Дамаванд, кој со 5.671 метар надормска височина е највисокиот врв на Иран и највисок вулкански врв на Евроазискиот континент.
Новиот систем со рампи предизвика целосен колапс во Стар Град, а граѓаните се при крај со трпението и бараат Градоначалникот Јован Стојаноски да се појави пред нив, пишува порталот
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека следува период на променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Корисниците од булевар „Кузман Јосифиовски Питу“ бр.22 и бр.24, и од улицата „Симеон Кавракиров“ од број 1 заклучно со број 9 во општина Аеродром утре од 8:30 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.